Спорт

Меси: Барса влегува во топ форма

Меси: Барса влегува во топ форма

Најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси е убеден дека неговиот тим се враќа во посакуваната форма и тоа кога најмногу е потребно, во финишот од актуелната сезона.

„Го елиминиравме можеби најтешкиот ривал во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони. Да не заборавиме дека Барселона загуби на последните две гостувања во Примера дивизион, дека не игравме во посакуваниот ритам во изминатите три недели. Знам дека сите очекуваат Барселона да игра како што играше против Манчестер Сити. Одигравме на највисоко можно ниво, ја исполнивме зацртаната цел, обезбедивме пласман и ги израдувавме најверните фанови. Точно дека Сити постигна израмнувачки погодок, но јас во ниту еден момент не помислив дека пласманот е во опсаност дека Барса нема да го елиминиран англискиот премиерлигаш. Знаевме дека мора први да постигнеме погодок, дека потоа ќе бидеме порелаксирани, дека ќе бидеме посмирени во остатокот од натпреварот,“ изјави аргентинскиот интернационалец.