Бразил2014,Спорт

Меси доби ниски удари и од Марадона

Меси доби ниски удари и од Марадона

Не само фудбалските фанови, кои останаа во шок откако ја слушнаа конечната одлука на ФИФА, дека наградата за најдобар фудбалет на Мундијалот во Бразил ќе заврши кај најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси, и легендарниот репрезентативец на Аргентина, Диего Аармандо Марадона го дели мислењето дека ова е незаслужен поклон за фудбалерот на Барселона.

“Јас го сакам Меси како син, но не ја заслужи наградата. Неправедна е одлуката на ФИФА. Се е тоа дел од маркетингот, а понекогаш сето тоа изгледа смешно”, изјави Марадона по финалниот натпревар во Рио да Жанеиро.