Спорт

Меси доби втор син

Меси доби втор син

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси по вторпат стана татко, откако неговата девојка роди син, соопшти семејството на напаќачот од редовите на Барселона.

– Матео Меси е роден во петок во Барселона. Тој е прекрасен и уживаме во овие среќни моменти, напиша на Твитер братот на фудбалерот.

Меси (28) и неговата долгогодишна девојка Антонела Рукацо веќе го имаат синот Тијаго, кој наскоро ќе наполни три години.