Меси е среќен поради одличната форма

Најдобриот голгетер во клупската историја на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси по натпреварот против Осасуна изјави дека е среќен што повторно игра во посакуваната форма и што најпосле се има рехабилитирано од последната повреда поради која мораше да отсуствува од зелениот терен неколку месеци.

„Мислам дека најпосле целосно се рехабилитирав од последната повреда. Мислам дека играм во посакуваната форма, дека се вратив во посакуваниот ритам. Повторно сум оној стариот и физички и ментално. Одлично се чуствувам. Сега сакам и победа во Мадрид, сакам повторно да бидеме дел од борбата за шампионската титула. Барселона е подготвена да се бори до последниот првенствено коло. Очекувам многу тежок натпревар, но убеден сум дека можеме да забележиме позитивен резултат и на “Сантијаго Бернабеу”, изјави аргентинскиот интернационалец.