Меси го преслуша Гетафе, Неимар сепак полесно повреден

Пласман во следната, 1/4 финална рунда од Купот на Шпанија, обезбеди и каталонскиот гигант Барселона, а најзаслужен за новиот триумф во дуелот со екипата на Гетафе, е стрелецот на двата погодока на натпреварот, аргенстинскиот интернационалец, Лионел Меси.

Освен по погодоците, дуелот во Мадрид ќе биде запаметен по незгодната повреда која ја заработи последната милионска аквизиција на каталонскиот гигант, бразилскиот интернационалец Неимар, но тренерот на Барса, Херардо Тата Мартино по натпреварот откри дека за среќа не станува збор за нешто посериозно.

“Благодарение на Господ, повредата на Неимар не е од посериозна природа. Сега не сме толку нервозни, но свесни сме дека Неимар нема да биде во комбинација за следните првенствени натпревари. Нашиот фудбалер одлично се чуствува и е подготвен на процесот на рехабилитација. Сепак да ја почекаме точната дијагноза, тогаш ќе знаеме колку време ќе паузира”, изјави Мартино.

Уште еден минимален триумф од 1:0, но сега на гостувањето во Вилјареал, забележаа фудбалерите на Реал од Сосиедад и на тој начин обезбедија пласман во 1/4 финалната рунда од Купот на Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.