Меси и дружината ќе немаат милост за БиХ

Репрезентацијата на Аргентина важи за голем фаворит кога е во прашање светската титула, а единствениот дебитант во Бразил, селекцијата на БиХ ја има таа чест или среќа, популарните “гаучоси” да им бидат противници во првиот натпревар од групата “Ф”.

Иако селекторот на БиХ, Сафет Сушиќ, располага со неколку добри фудбалери, Џеко, Пјаниќ, Мисимовиќ, Ибишевиќ, Аргентина важи за апсолутен фаворит и тешко е за верување дека репрезентативците на БиХ ќе успеаат во сите 90 минути да излезат на крај со фудбалскиот “магионичар”, Лионел Меси и со бомбардерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

„Мислам дека сме максимално подготвени, сите фудбалери се возбудени, сакаме веднаш да покажме дека сме дојдени за да постигнеме голем резултат. Да, знам дека БиХ одигра одлично во квалификациите, дека е тим составен од одлични реултати, но за мене, најважна е играта на моите фудбалер. Конечниот резултат сепак ќе зависи од тоа како ќе одигра Аргентина”, изјави предводникот на “гаучосите”, Алехандро Сабела.

Дуелот помеѓу Аргентина и БиХ стартува во 00:00 часот.