Бразил2014

Меси и Милер во игра за МВП

Меси и Милер во игра за МВП

Светската фудбалска организација ги објави имињата на сите фудбалери кои се номинирани за индивидуалните награди кои ќе им бидат доделени на репрезентативците кои прикажале најдобра игра за време на Светско првенство во Бразил.
Убедливо најинтересно ќе биде во трката за МВП-признанието, а тука Германија е претставена со четри фудбалери, Филип Лам, Матс Хумелс, Тони Крос и Томас Милер.
Противникот на Германија во финалниот натпревар, репрезентацијата на Аргентина е претставена од Лионел Меси, Анхел ди Мариа и Хавиер Маскерано.
Многу помали шанси за овојување на оваа престижна награда има се даваат на Неимар (Бразил), Ариен Робен (Холандија) и Џејмс Родригез (Колумбија).
Кога е во прашање наградата „Златна ракавица“ што традицонално му се доделува на најдобриот мундијалски голман, тука за апсолутен фаворит важи репрезентативниот чувар на Германија, Мануел Ноер. Номинирани за ова признание се уште и Аргентинецот Серхио Ромеро и Костариканецот Кеилор Навас.
Репрезентативците на Франција, Рафаел Варане и Пол Погба, како и репрезентативецот на Холандија, Мемфис Депаи се номинирани за наградара најдобар млад играч на СП 2014.