Меси и Нејмар ќе се појават во финалето против Ривер Плата

Меси го пропушти полуфиналето со Гвангжу поради болки предизвикани од камен во бубрегот, додека Нејмар има повреда на препоните. Иако категорично се тврдеше дека двајцата ќе го пропуштат финалето, сепак шпанските медиуми утрово наведуваат дека се опоравени.

Аргентинецот по деталните лекарски прегледи добил дозвола да се врати на тренинзите, а Бразилецот и против кинескиот клуб беше во комбинација но Луис Енрике не сакаше да ризикува.

Финалето меѓу Барселона и Риверл Плата на програмата е во недела од 11:30 часот.