Меси ја однесе Аргентина во Русија, САД по 32 години првпат без мундијал

Аргентина, којашто беше финалист на последното светско првенство, ноќта кон средата благодарејќи на победата од 3:1 против Еквадор во последен момент си го обезбеди учеството на Светското првенство коешто следната 2018 година ќе се игра во Русија, а на коешто по три децении последователни учества ќе ги нема САД.

Аргентина на гости го совлада Еквадор со 3:1, Лионел Меси постигна хет-трик, но она што им помогна на Аргентинците беше поразот на Чиле од 0:3 против Бразил поради што јужноамериканскиот шампион остана без настап на Светското фудбалско првенство.

Бразил со 41 бод е на врвот од табелата на јужноамериканските квалификации, Уругвај е на второто место со 31 бод, иако квалификациите ги заврши со победа од 4:2 над Боливија.

Во Кито финалистот на светското првенство во 2014 година во Бразил слабо го започна натпреварот бидејќи домашните веќе во 45-та секунда дојде во водство со голот на Ромарио Ибара. Меѓутоа, веќе во 11 минута Лионел Меси ги постигна првиот гол за изедначување. Ѕвездата на Барселона го доведе тимот на „гаучосите“ во 20 минута, а конечниот резултат го постигна во 63 минута.

Аргентина пред последното коло беше на шестото место од квалификациите, но со оваа победа и 28-те бодови се проби на третото место што ѝ обезбеди директен пласман во Русија. Освен Бразил, Уругвај и Аргентина, за мундијалот во Русија се квалификуваше и четвртопласираната Колумбија којашто одигра 1:1 со Перу и дојде до 27 бодови.

Перу, кое со 26 бодови се наоѓа на петтото место оди во дополнителните квалификации каде што ќе игра против Нов Зеланд. Чиле квалификациите ги заврши на шестото место исто така со 26 бодови, но има полоша гол-разлика од Перу.

САД изминатата ноќ, првпат по 1986 година, останаа без настап на светско фудбалско првенство, откако во последното коло од квалификациите во зоната КОНКАКАФ загубија со 1:2 од Тринидад и Тобаго.

Мексико и Костарика, двете првопласирани репрезентации во зоната КОНКАКАФ со 21 односно 16 бодови, изборија пласман на мундијалот во Русија, пласманот го имаа обезбедено и пред последното коло, а последниот воз го ловела селекциите на Хондурас, Панама и САД.

Хондурас на свој терен го пречека Мексико и победи со 3:2. Панама дома ја совлада Костарика со 2:1, а решавачкиот гол во 88 минута го постигна Роман Торес. Овој гол всушност ги елиминираше САД кои на гости беа поразени од Тринидад и Тобаго.

Третото место со 13 бодови во квалификациите во КОНКАКАФ зоната и директен пласман во Русија го свои Панама за којашто ова ќе биде прв настап во историјата на светско првенство во фудбал, по што тамошните власти ќе го прогласат овој датум за национален празник. Хондурас квалификациите ги заврши на четвртото место, исто така, со 13 бодови но со полоша гол-разлика, и ќе оди во дополнителните квалификации каде што ќе се сретне со Австралија.