Спорт

Меси ќе има фиксна годишна плата од 16 милиони евра

Меси ќе има фиксна годишна плата од 16 милиони евра

Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека во текот на следната недела, аргентинскиот интернационалец Лионел Меси ќе го потпише новиот договор кој го обврзува да остане на “Ноу Камп” до 2018 година.

“Се прецизираат само последните детали од новиот договор, Преговорите се во финалната фаза и ако нема некое неочекувано или непријатно изненадување, Меси во текот на следната недела ќе го потпише новиот 5-годишен договор”, изјави блискиот извор до таборот на каталонскиот гигант.

Репрезентативецот на Аргентина во следните пет сезони ќе има годишна заработувачка од 16 мил. евра и ќе биде сопственик на титулата, најскапо платен фудбалер на денешницата.