Меси ќе мора да почека за нов договор

Новиот претседател на каталонскиот гигант Барселона, Жосеп Мариа Бартомеу и понатаму останува на ставот дека е премногу рано за почеток на преговорите околу новиот договор на најголемата ѕвезда на “Ноу Камп”, аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси.

„Меси сака да игра фудбал, сака да ја направи потребната разлика. Кога е во прашање новиот договор, јас и понатаму останувам на мојот став: Меси е најдобриот фудбалер на денешницата и заслужува да биде и најплатен фудбалер на денешницата. Сепак, Меси сега мора да се фокусира на фудбалската игра, мора да се фокусира на шпанската Примера дивизион, на Купот на Шпанија и на Лигата на шампиони. Точно дека имав состанок со таткото на Меси, но само го информирав дека има одредени промени кога е во прашање клупската структура”, изјави Бартомеу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.