Меси ќе си поигра со дефанзивците на Иран

Ќе треба да се случи некое чудо, за да најголемиот фаворит за првата позиција во групата “Ф” и фавотит за светската круна, репрезентацијата на Аргентина, уште денеска не обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда.

Фубалскиот “магионичар”, Лионел Меси и неговата дружина денеска за противник го имаат големиот аутсајдер, репрезентацијата на Иран.

Се освен убедлива победа на популарните “гаучоси” ќе биде дефинирано како вистинска сезнација, но за такво нешто, шансите се сведени на теорија.

“Со самиот пласман во Бразил, репрезентацијата на Иран покажа дека има квалитетен тим кој заслужува максимален респект. Нема да победгнеме од фаворитската улога, но истата мораме да ја оправдаме со квалитетна игра, со доминација и нормално со некој погодок. Овој натпревар е најважниот за нас кога е во прашање групната фаза. Со победа ќе го решиме првиот проблем, ќе обезбедиме пласман во следната рунда”, изјави селекторот на Аргентина, Алехандро Сабела.

Дуелот помеѓу Аргентина и Иран стартува во 18:00 часот.