Спорт

Меси, Маскерано, Алвеш и Нејмар се приклучија на тимот

Меси, Маскерано, Алвеш и Нејмар се приклучија на тимот
Аргентинците се приклучија во подготовките Барселона за следната сезона

Иако поради репрезентативните обврски им беше продолжен одморот до 5-ти август, сепак јужно-американците решија порано да се вратат и да им се приклучат на своите колеги во подготовките за новата сезона.

Тренерот на “каталонците”, Луис Енрике ќе има доволно време да ги подготви сите фудбалери, особено што европскиот Супер Куп кој Барселона ќе го одигра против Севилја се игра веќе на 11-ти август.

Три дена подоцна Барса ќе игра и против Атлетик Билбао во рамките на шпанскиот Супер Куп, а на 23-ти август, повторно против “баскијците” ќе ја отвори и новата сезона во Примера.