Меси: Ми олесна после погодокот

Најзаслужниот за минималниот триумф во дуелот против селекцијата на БиХ, најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси, по натпреварот изјави дека се чуствувал многу подобро откако се запишал во листата на стрелци.

„Нормално е да имаш некоја дилема пред стартот на премиерниот натпревар. Бевме нервозни и многу возбудени. Така е секогаш пред првиот натпревар. Најважно од се е дека ги освоивме планираните три бода. БиХ има одличен тим, а кај нас има место за напредок. Им дозволивме да го наметнат нивниот стил на игра во првото полувреме. Играа пресинг на нашата поливина и затоа не создадовме некоја посериозна шанса во првите 45 минути. Ми олесна кога го постигнав вториот погодок на натпреварот”, изјави Меси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.