Бразил2014

Меси на допинг контрола

Меси на допинг контрола

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси отрки дека бил принуден да ја одложи големата прослава поради пласманот во финалниот натпревар поради задолжителната допинг контрола после полуфиналнит дуел против селекцијата на Холандија.

“Морав на допинг контрола и не можев да славам во соблекувалната. Горд сум што сум дел од оваа екипа. Каков натпревар. Ова е лудо, ние сме во финале. Им праќам прегратки на сите Аргентинци”, напиша Меси под сликата која ја објави на Инстаграм.