Меси не сака споредби со Марадона

Најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона и во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси побара да биде споредуван со најголемиот фудбалер во аргентинската историја, Диего Армандо Марадона откако ќе се закити со титулата светски шампион.

“Убаво се чуствувам, убав е тој комплимент кога ме споредуваат со Марадона, но јас не сакам да ја прифатам таа споредба. Сите знаеме што се направи Марадона за репрезентацијата на Аргентина и јас сум убеден дека ниту еден фудбалер не може да биде споредуван со Марадона се додека не ја освои светската титула со репрезентацијата на Аргентина. Се надевам дека ќе дојде и тој ден кога ќе ја освојам светската титула, се надевам дека тоа ќе се случи веќе ова лето во Бразил. До тогаш, не сакам да ме споредуваат со Марадона и да ме дефинираат како најдобриот”, изјави Меси.