Меси нема да мрдне од Ноу Камп

Новиот потпретседател на каталонскиот гигант Барселона, Мануел Ароио, потврди дека клубот се’ уште преговара со најдобриот фудбалер, Лионел Меси кој сигурно ќе остане на „Ноу Камп” уште многу години.

„Меси е најдобриот фудбалер на денешницата и има уште неколку рекорди кои треба да ги сруши во следниот период. Во овој момент, нема ниту теоретска шанса за продажба на аргентинскиот интернационалец. Барса има јасна цел, сака Меси да остане на ’Ноу Камп’ до крајот на неговата кариера. Не е точно дека пропаднале преговорите околу новиот договор. Двете страни се седнати на преговарачката маса и јас сум убеден дека во најбрз може рок ќе постигнеме договор околу продолжувањето на соработката”, изјави Ароио.