Меси одбил 150 милиони евра

Каталонските медиуми објавија дека во летниот преоден рок Жозе Мурињо понудил 150 милиони евра за Лионел Меси, исходот секако е познат.

Како што објави канал „ТВ3“ Жозе Мурињо сакал да ја искористи раздрманата атмосфера во тимот на Барселона по лошата мината сезона, па испратил понуда за нивниот најдобар фудбалер Лионел Меси.

Сепак, Аргентинецот, но „Блауграна“ воопшто не ја разгледувале таа понуда, туку експресно ја одбиле.

Во летниот преоден рок во Челзи пристигнаа Диего Коста и Фелипе Луиз од Атлетико Мадрид, како и Цеск Фабрегас од Барселона, а заминаа Торес, Лампард, Давид Луиз и Ешли Кол.