Меси откри дека редовно си повраќа

Репрезентативецот на Аргентина и најголема ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, повраќаше на теренот за време на пријателскиот натпревар против селекцијата на Романија.

Сепак, по натпреварот, Меси изјави дека не станува збор за нешто сериозно и ги демантираше пласираните шпекулации дека е болен и дека тука треба да се бара вината за лошата игра во Букурешт.

„Ова не е прв пат да повратам. Тоа е нешто што секогаш се случува. Ми се има неколку пати случено и кога играм за Барселона. Нема причина за загриженост. Не барам некаков изговор, но состојбата на теренот беше очајна. Дадовме се од себе, во второто полувреме одигравме подобро, но не доволно за да славиме”, изјави Меси.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.