Меси повреден, нема да игра за Аргентина

Фудбалската репрезентација на Аргентина ќе мора да игра без својот најдобар играч Лионел Меси на следниот квалификациски меч за СП 2018 во Русија против Венецуела.

Играчот на Барселона се пожали на силни болки во препоните и селекторот Едгаро Бауза нема да го ризикува неговото здравје на мечот во вторник.

-Меси се жали на повреда и нема да ризикуваме со него. Докторите му препорачаа на мирува и ние потполно ќе го почитуваме нивното мислење,изјави Бауза.

Лионел Меси се откажа од настап во репрезентацијата на Аргентина по загубеното финале на „гаучосите“ на Копа Америка, но експресно се премисли и се врати во националниот тим.