Меси: Русија е последна шанса да го освојам Мундијалот

Лионел Меси, дефинитивно ќе ја напушти репрезентацијата на Аргентина доколку летово не го освојат Светското првенство во Русија, порача капитенот на „гаучосите“. Тој повеќе не гледа причина да остане во националниот состав доколку потфрли да го освои најпосакуваниот трофеј, а смета дека истото би го направиле и останатите репрезентативци кои долги низ години ги бранат боите на својата земја.

-Се уште боли финалето од 2014 година. Тој меч никогаш нема да го заборавам. Да бидеш толку блиску до пехарот, а толку далеку. Се надевам дека на овој Мундијал ќе не посака среќата. Би сакал да го подигнам тој трофеј, не само за мене, туку да ја израдуваме целата нација. Знаеме дека воопшто не е лесно да се биде шампион, тешко е да се стигне до финале, уште потешко да победиш на најважниот меч, го почувствувавме тоа на наша кожа. Сепак, сега сме далеку посикусни од минатиот мундијал, милам дека сме поквалитетни, имаме шанси да успех. Но, доколку потфрлиме и овој пат, дефинитивно тоа ќе биде крајот за мене во репрезентацијата. Сметам дека нема да ми преостане ништо друго доколку не освоиме Светско, ќе се повлечам, а мислам дека и голем дел од  останатите играчи ќе го направат истото- истакна Меси.

Меси во кариерата учествувал во пет финалиња со сениорската репрезентција на Аргентина, од кои на четири бил поразен. Во континенталното првенство во Јужна Америка, Меси три пати бил на страната на поразените во големотот финале, загуби 0-3 од Бразил во 2008 година, а потоа на два пати загуби од Чиле, во 2015 и 2016 година, и тоа два пати на пенали. Марио Геце му го сруши сонот во 2014 година во финалето на СП во Рио, додека единствено одличје во репрезентативен дрес на Меси е олимпиското злато од 2008 година освоено во Пекинг.

– Сфатив колку многу луѓе сакаат да ја освојам светската титула со Аргентина и морам да признаам дека сето тоа многу ме изненади. Ми се чини дека не сакаат толку Аргентина да биде светски првак, колку што сакаат баш јас да ја освојам светската круна. Тоа е навистина убаво-вели Меси, кој со репрезентацијата е на подготовки за двете контролки во следните 10 дена со Италија и со Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.