Меси се испромашува, Барса убедлива

Фудбалерите на Барселона победија на својот „Камп Ноу“ над Депортиво со 4:0 и покрај лошиот реализаторски ден на својот најдобар играч Лионел Меси, и повторно имаат шест бодови предност пред клубовите кои ги следат.

Головите за Барселона ги постигнаа Луис Суарез во 29 и 47 минута и на Паулињо во 41 и 7 минута, но мечот мина во знак на промашувањата на Лео Меси. Меси двапати стрелаше во стативата и еднаш во пречката, имаше уште три стопроцентни шанси а во 69 минута гостинскиот голман Рубен Рамирез му одбрани пенал. Стативата на Депортиво ја тресеа и Суарез и Жорди Алба, а на Уругваецот во 45 минута му беше поништен регуларен гол, веќе трет оваа сезона за Каталонците, така што екипата од Ла Коруња лесно можеше да загуби со двоцифрен резултат.

Претходно во неделата Вињареал славеше на гостувањето кај Селта со 1:0., а одличен натпревар одиграа Лас Палмас и Еспањол кој заврши без победник 2:2.

Со голот на Форналсо во , Виљареал го однесе целиот плен од Виго, па „Жолтата подморница“ скопна на шестото место на табелата.

Во Лас Палмас се одигра вистинска драма бидејќи Еспањол водеше со головите на Жерар до 80 минута кога Реми намали на 1:2, а во 88 минута Каљери изедначи на 2:2. Но тоа не беше крај на возбудувањата, бидејќи Лас Палмас можеше да направи целосен пресврт, но во петтата минута од судиското продолжение Виера промаши пенал.

Гирона во пладневниот натпревар со голот на Стуани уште во 5 минута го совлада Хетафе.

На табелата води Барселона со 42 бода, втор е Атлетико Мадрид со 36 а трета Валенсија со 34 бодови, Реал Мадрид има 31 бод и меч помалку, а следниот викенд Барселона доаѓа во Мадрид на големото „Ел Класико“.