Меси: Сите сме виновни за катастрофалната сезона

Најголемата ѕвезда во дресот на Барселона, аргентинскиот интернационалец Лионел Меси уште еднаш повтори дека каталонскиот гигант нема исполнето ниту една од зацртаните цели кои биле договорени пред почетокот на сега веќе изминатата сезона во шпанската Примера дивизион.

„Многу тешка година за Барселона. Исто така не многу добра и за мене. Еден голем тим, каков што е Барселона, има обврска секоја година да освои најмалку една титула. Барселона не исполни ниту една зацртана цел во изминатата сезона. Ништо не постигнавме. Вината за неуспехот треба да побара кај целата група, кај сите фудбалери. Вината не е индивидуална, не е кај некој фудбалер. Сите сме одговорни за овој негативен резултат. Не му беше лесно ниту на Тата Мартино. Се случија многу негативни работи, како на зелениот терен, така и надвор од фудбалскиот терен. Јас сакавме шампионската титула, сакавме да победиме за нас, за нашиот тренер и за најверните фанови. Мартино ја заслужи таа титула”, изјави Меси.