Меси со погодок одговори на сите критики

Дерби натпреварот од 34. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот на “Ноу Камп” помеѓу третопласиранара Барселона и четвртопласираниот Атлетик (Б), заврши со минимален триумф на каталонскиот гигант од 2:1.
Гордоста на Баскија дојде до посакуваното водство во 49 минута со погодокот на брзоногиот напаѓач, Адриз Адриз, но во 71 минута, на 1:1 израмни крилниот напаѓач на Барса, Педро Родригез.

Само три минути подоцна, прекрасен погодок од слободен удар постгна најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант, аргентинскиот интернационалец Лионел Меси.

„Јас ќе бидам најголемиот виновник доколку Барселона не освои ниту еден трофеј на крајот од актуелната сезона. Јас ја преземам сета одговорност и бев свесен дека ќе бидам дел од еден клуб кој е навикнат на трофеии, кој е навикнат на победи. Среќен сум поради погодокот на Меси кој даде одговор на сите критики кои беа упатени на неговата адреса. Од 100 натпревари, Меси ќе одигра како што треба на 99 натпревари”, изјави предводникот на Барса, Херардо Тата Мартино.
Резултати: Алмерија – Селта 2:4, Севилја – Гранада 4:0, Р.Валјекано – Бетис 3:1, Барселона – Атлетик Б. 2:1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.