Меси со три погодоци го најави својот кам-бек

Каталонскиот гигант Барселона важи за апсолутен фаворит во утрешниот првенствен натпревар против екипата на Елче, а по пауза од 50 дена, предводникот, Херардо Тата Мартино, на располагање ќе ги има и услугите на најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси.
Аргентинскиот интермационалец веќе неколку дена тренира со полн интензитет, а на последниот тренинг постигна и три погодоци.
„Многу сум среќен, одлично се чуствувам, среќен сум што повторно тренирам со моите соиграчи. Одлично се чуствувам, подготвен сум за кам-бек”, изјави Меси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.