Меси во лов на рекордите коишто му недостигаат

Иако во дресот на Барселона и на репрезентацијата на Аргентина во текот на кариерата собори околу сто разни рекорди, еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот Лионел Меси годинава ќе оди на уште неколку врвни дострели кои засега не се во негова сопственост.

Лионел Меси е веќе најдобриот стрелец во историјата на каталонскиот гигант Барселона со 538 голови, меѓутоа според бројот на настапите е на четвртокот место со 583 одиграни натпревари. Пред него се Карлес Пујол со 593 мечеви, Андреас Иниеста со 630 и9 рекордерот Чави со 767 натпревари.

Меси, исто така, не е рекордер според головите за Барселона во Купот на Кралот. Досега постигна 44 голови, но клупскиот рекордер е Хосеп Самитиер кој во периодот од 1919 до 1932 година постигнал дури 65 голови.

Аргентинецот не е ниту прв на листата на стрелците на Купот/Лигата на шампионите. Прв е Португалецот Кристијано Роналдо со 105 голови, додека Меси постигна 11 помалку.

Ѕвездата на Реал Мадрид постигнала и повеќе хет-трикови во Промера. Роналдо во моментов има 32 натпревари на кои постигнал три гола, додека Меси забележал 26.

Меси, пак, е водечки стрелец во „Ел Калсико“ со 16 голови, но најмногу настапи во најголемото дерби во шпанскиот фудбал има играч на Реал Мадрид. Мануел Санчиз против Барселона одиграл 43 натпревари, додека Меси и Серхио Рамос моментално се на бројката од 34 „класика“.

На Меси му недостигаат и два рекорда во дресот на аргентинската репрезентација. Во моментов е трет според бројот на настапите со 118 натпревари. Рекордер е легендарниот Хавиер Занети кој за Аргентина одиграл 143 мечеви, а пред Меси е и неговиот клупски соиграч од Барса Хавиер Маскерано со 136 натпревари.

Меси е најдобар стрелец на аргентинската репрезентација со 58 голови, четири повеќе од Габриел Батистуда. Меѓутоа, популарниот „ Бати-гол“ постигнал повеќе голови на светските првенства. Поранешниот напаѓал на аргентинските гиганти Ривер Плата и Бока Јуниорс, како и на италијанските Фиорентина и Рома, на мундијалите постигнал 10 голови, додека Меси на 14 натпревари на светските првенства постигнал само голови.

Меси во досегашната кариера соборил 97 различни рекорди. Во моментов е сопственик на 15 светски, 14 европски, 35 шпански, 27 клупски, и шест во дресот на Аргентина. Интересно е што дури 17 различни рекорди дели со Кристијано Роналдо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.