Месиќ: Не жалам за обелоденувањето на транскриптите од Бриони

Поранешниот хрватски претседател, Стипе Месиќ, не жали затоа што ги обелодени Брионските транскрипти, што српскиот правен тим пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ги користи како клучен аргумент во процесот против Хрватска и тврди дека повторно би го сторил истото, пишува загрепскиот „Јутарњи лист“.

Станува збор за транскриптите во кои пишува „да им зададеме таков удар на Србите со што практично ќе исчезнат”, околу кои се водеа полемики како воопшто стигнале до Хаг. Според едни, ги предал Месиќ, иако тој тврди дека транскриптите ги давал само на бирото на владата за соработка со Хаг.

На констатацијата дека српската одбрана смета дека Туѓман би одговарал за геноцид доколку беше жив, Месиќ вели дека тоа нема смисла да се поставува на тој начин и дека со чистење на хрватските тритории бидејќи прв почнал Милошевиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.