Мета го поддржува Ахмети за решение за името

Албанскиот претседател Илир Мета преку социјалните мрежи ги поддржа како што вели напорите на ДУИ за решение на прашањето за името.

Денеска во срдечна средба го пречекав лидерот на ДУИ, г. Али Ахмети. Одлучните и неуморни напори на ДУИ и на албанскиот политички фактор за конечно решение помеѓу Македонија и Грција, заслужуваат максимална поддршка, затоа што го забрзуваат членството во ЕУ, не само на Македонија, туку му го даваат и заслуженото место во НАТО, пишува Мета на Фејсбук.

Мета во саботата во Тирана имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која албанскиот претседател дал поддршка за пронаоѓање конечно решение за спорот.

Според албанскиот претседател решавањето на спорот со Грција, ќе го забрза интегрирањето на земјата во ЕУ и НАТО.

На утринската молитва во Тирана учествуваа претставници од 15 земји од Европа, меѓу кои и претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Средбите на утринските молитви се инспиративна традиција која ги пренесува вредностите на вера, мир и љубов, и токму тоа се суштинските вредности кои се потребни на човештвото за успешно да се справи со глобалните предизвици на 21. век“, порача претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на првата сесија на 15-та средба на Југоисточна Европа што се одржува во Тирана, Албанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.