Металург без Атман и Вугринец против Мешков Брест

Македонскиот ракометен вицешампион Металург в недела ќе го одигра натпреварот од 16. Коло во СЕХА лигата. Избраниците на тренерот Лино Червар  на домашен терен ќе го пречекаат белорускиот тим Мешков Брест. На овој натпревар “металурзите” ќе одат на победа   И покрај тоа што имаат минимални шанси за пласман на завршниот турнир во Нови Сад.  На овој натпревар  Металург ќе биде ослабен со неиграњето на Павел Атман,  Вигринец е неизвесен заради здравствени проблеми.

“Го играме последниот натпревар од Гаспром СЕХА регионалната лига на домашен терен. Знаеме што се случи на натпреварот во Брест, тоа го видовте сите од ТВ-преносот. Понатаму не би коментирал, бидејки казните се ригорозни. И натаму имаме многу проблеми со повредите на нашите играчи. Атман сигурно нема да биде во тимот, а неизвесен е и настапот на Вугринец. Брест е многу силен тим составен од голем број интернационалци. В недела очекувам тежок натпревар, кој ќе биде добар тест за претстојниот двомеч со екипата на Колдинг.

Но, морам да кажам дека екипите кои ќе натапат на фајнл форот не може однапред да се знаат, изјави Червар.

Дека ќе одат на победа во овој натпревар потврди и бекот Лука Циндриќ

“Брест е одличен тим, кој во Скопје доаѓа да победи. Од друга страна, и ние сакаме да се реваншираме за поразот во Брест. Ние и покрај сите проблеми во нашиот тим, ќе дадеме се од себе за да ги освоиме бодовите“, изјави Циндриќ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.