Спорт

Металург декласиран во Германија – сепак Кил е преголем залак за овој состав

Металург декласиран во Германија – сепак Кил е преголем залак за овој состав

Подмладениот Металург доживеа висок пораз на средбата против моќниот Кил од 35:16.

Поразот од 19 гола разлика е повторување на најлошиот резултат во Лигата на шампионите, претходно постигнат на средбата против Фленсбург, 24:43, во 2006 година.

Колку Металург беше немоќен против Кил говори и податокот дека во првиот дел постигна само 3 голови, што е најлошото полувреме одиграно од страна на македонскиот ракометен шампион.

Во осмата минута резултатот беше 3:3, а потоа, до крајот на првото полувреме, подмладениот состав на Металург не постигна ниту еден гол. Кил го искористи тоа и со серија од дури 14:0, го заврши овој дел од средбата со резултат 17:3.

Во вториот дел Металург одигра сосема коректно, но не доволно да се избегне високиот пораз.

Талески и Бувиниќ беа најефикасни во таборот на Металург со по 4 голови, а голманот Митревски забележа 11 успешни интервенции.