Металург го брани, Вардаар го напаѓа пехарот во Купот на Македонија

Денеска со полуфиналните средби Металург – Зомимак и Вардар – Тинекс Пролет стартува завршницатга на ракомртниот Куп на Македонија, што се игра во салата #Билјанини извори” во Охрид.

Струмичани ќе се обидат да го совладаат Металург, кој воедно е и бранител на титулата, додека Вардар, кој веќе ја загуби титулата во првенството ќе се обиде да ја исправи грешката и прво преку Тинекс Пролет да се пласира во финалето, а потоа и да го освои пехарот.

“Очекувам сигурен пласман во финалето каде што најверојатно ќе се сретнеме со Металург, и тоа ќе биде уште еден дерби натпревар сезонава. Се надевам дека на тој меч ќе одиграме многу поборбено за разлика од тоа што го направивме во ‘Автокоманда’, бидејќи сметам дека тоа не личеше на нас и едноставно мора да признаеме дека одиграа подобро. Очекувам во Охрид да се претставиме во вистинско светло, и да им се оддолжиме на нашите верни навивачи со освојување на пехарот, изјави првиот голман на “црвено – црните” Страхиња Милиќ.

Но, “металурзите” по освојувањето на титулат во домашното првенство не се подготвени да го дадат пехарот во Купот на Македонија. Тие се подготвени да ги дадат и последните атоми на сила само за да го одбранат пехарот
“Максимално сме сконцетрирани на тоа што не очекува овие два дена во Охрид. Не смееме да го потцениме тимот на Зомимак, кој е нашата прва пречка во одбраната на титулата во Купот на Македонија. Секој ракометар треба да даде максимум, без разлика со кој противник играме на теренот. Нашиот мотив е одбрана на титулата, но никој не може предвреме да го знае исходот, изјави крилото на Металург, Дејан Манасков.

Полуфинални двојки:
Металург – Зомимак М (15.00 ч)
Вардар – Тинекс Пролет (17.45)