Металург го објави списокот на играчи кои ќе отпатуваат во Шпанија

Ракометниот клуб Металург на својата официјална веб страна го објави списокот на играчи, кои утре ќе отпатуваат во Шпанија на дуелот против Ла Риоха.

Металург во недела ќе настапи засилен со Петар Мисовски, како и со единствениот странец која ќе остане во клубот, Дарко Ѓукиќ (ако не го сметаме Ренато Вугринец) и ќе се обиде со победа над Ла Риоха да ја врати барем теоријата во игра за пласман во ТОП 16 фазата од ЛШ. Ова се ракометарите кои ќе играат против шпанскиот вицепрвак: Митревски, Мисовски, Димовски, Н. Маркоски, Пешевски, Манасков, Ојлески, Георгиевски, Џукиќ, Вугринец, Миркуловски, Мојсовски, Кукоски, Јоноски, В. Маркоски, Талески и Нелоски.

По големите потреси во клубот минатите неколку денови, конечно малку се стабилизира ситуацијата во македонскиот шампион Металург, а тимот во меѓувреме го напуштија Станиќ, Коциќ, Борозан, Марсениќ и Липовина. На добар пат да го сторат истото се и Лука Циндриќ и Павел Атман, а оваа информација се потврдува со тоа што нив ги нема на списокот патници за Шпанија.