Спорт

Металург го препоти ПСЖ

Металург го препоти ПСЖ

Македонскиот ракометен вицешампион Металург, претрпе пораз во 8. коло од Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Лино Червар  минимално се  поразени на гостувањето кај францускиот Пари Сен Жермен со 32:29

Металург лошо го почна натпреварот и му дозволи на доаќинот да направи преднос од седум голови 9:2, но ова не го обесхрабри македонскиот тим. До крајот на првото полувреме успеавме да ја намалиме разликата на четири голови 16:12.

Во вториот дел заигравме многу подобро  и до 51 минута не само што успеавме да израмниме, туку и да поведеме со 27:26. Но, во следните два напади Французите преку Хансен, кој постигна два гола успеа да го врати водството и да го одржи до крајот на натпреварот.

Најефикасен во македонскиот тим беа Вугринец и Ѓеоргиевски со шест голови, додека Циндриќ и Миркуловски  натпреварот го завршија со по 5 голови. Во победничкиот тим очекувано најефикасен беше Микел Хансен со осум голови.