понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 16

Металург го совлада хрватскиот шампион Загреб

На средбата која се играше вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ракометарите на Металург го совладаа ППД Загреб со 25-22 полувреме 10-10.

metalurg-2-640x294

Последни вести

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург славеше победа над хрватскиот шампион ППД Загреб во натпреварот од регионалната СЕХА лига.

На средбата која се играше вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ракометарите на Металург го совладаа ППД Загреб со 25-22 полувреме 10-10.

Со по 5 постигнати голови најефикасни во редовите на Металург беа Филип Кузмановски и Немања Обрадовиќ, додека голманот Мартин Томовски имаше 10 успешни одбрани.

Кај гостите од Загреб, а воедно и на натпреварот, најефикасен беше Стипе Мандалиниќ кој средбата ја заврши со постигнати 7 гола.

Следен противник на Металург ќе биде словенечката екипата Горење која вечерва гостува во Хрватска кај Нексе.

Табела: Вардар 44 бодови, Веспрем 41, Целје 30, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Металург 13, Горење Велење 12, Нексе 12, Татран Прешов 10 и Извиѓач 3.

Најчитани вести