Спорт

Металург и Вардар може да се сретнат во 1/4 финалето

Металург и Вардар може да се сретнат во 1/4 финалето

Најдобрите македонски ракометни тимови Вардар и Металург може да се се сретнат во четвртфиналето во Лигата на шампионите, со што Македонија сигурно би имала учесник на фајнлфор-турнирот во Келн. Според пропозициите на ЕХФ екипите што биле првопласирани во групната фаза, или пак оние што елиминирале победник од група во осминафиналето, каков што е случајот со Вардар, ќе имаат повластен статус и нема да можат да се сретнат против себе.

Ова значи дека „црвено-црните“ нема да играат против Барселона, Кил или Веспрем, туку како ривал ќе ги добијат: Металург, Фленсбург, ПСЖ или подобриот од двомечот Киелце –Р.Н. Ловен. Гледано од аспект на Металург, македонскиот вицешампион како третопласиран од групата, во четвртфиналето ќе се сретне со Вардар, Веспрем, Кил или пак Барселона.

Ждрепката за четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе се одржи во Виена во вторник.