Металург и Вардар во битка за пехарот во Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар и Металург ќе играат во денешното финале (17.45 часот) во Купот на Македонија, што се одржува во салата Билјанини извори во Охрид.

Вардар во полуфиналето имаше лесна задача против Тинекс Пролет со 31:20, додека Металург беше подобар од Зомомак со 31:25.