Металург и Вардар во меч за титулата

Македонскиот ракометен шампион Вардар и вицешампионот Металург, денеска 17.45 часот во Автокоманда ќе играат за титулата во домашното првнство. Вардарци имаа минимална предност, бидејќи минимално славеа на првиот натпревар на домашен терн со 25:24.

Но, нема да има биде лесно да излезат како победници од дуелот во Автокоманда, бидејќи “металурзите” се подготвени да си ја вратат титулата која ја загубија минатата година, откако одиграа нерешено на домашен терен со “црвено – црните”.

“Знаеме што не чека во “Автокоманда” и подготвени сме за тоа. Минатиот натпревар беше малку чуден, нервозен, и ни требаше време да ги средиме коцките во глава по несреќната елиминација од Фленсбург во Лигата на шампионите. Сега сме сите со мислите за овој натпревар, спремни сме и силно ја посакуваме титулата, како би ја заокружиле оваа фантастична сезона на најубав можен начин. Ја почитуваме екипата на Металург, но во Автокоманда одиме на победа, изјави бекот на “црвено – црните” Игор Карачиќ.