Спорт

СЕХА Лига Металург испушти можност да ја демолира Војводина

Металург испушти можност да ја демолира Војводина

Со дијаметрално различни полувремиња во неделата скопски Металург оствари значајна победа над Војводина со 30:26 (21:9) во 13-то коло од СЕХА Лига, што е петтиот триумф во регионалното натрпеварување сезонава која македонскиот претставник ја игра ослабен и со ракометари од малдинскиот погон.

Покрај изостанувањето на четворицата ракометари кои на полусезоната го напуштија клубот, Металург во неделатата во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ настапи и без пикерот Жарко Пешевски кој отсуствуваше поради повреда на зглобот.

Младите играчи ја почуствуваа дадената шанса и одлично го отворија натпреварот кој во есенскиот дел ги совлада во Нови Сад, и по првите осум минути остварија сигурно водство од 7:2. Веќе по десет минути Металург ја удвои предноста на 15:5. Налетот на домашните ракометари продолжи и во остатокот од првата делица кога беше остварено најголемото водство од плус 13 (21:8), а на полувремето се замина со предност од гол помалку (21:9), во што голем удел имаше и Мартин Томовски кој по заминувањето на Дарко Арсиќ стана прв избор на голот а првото полувреме го заврши со девет одбрани.

Второто полувреме започна со поголем ангажман на играчите на Војводина и разбирливо опуштање на домашните ракометари, кои сепак успеваа во поголемиот дел да ја одржуваат предноста на „плус 9“, но постигнатите само девет погодоци во противничката мрежа на противникот му овозможи да се избори за „поднослив“ пораз од четири голови разлика (30:26).

Халил Јагањац беше најефикасен кај Металург со осум погодоци, а по три гола додадоа Филип Кузмановски, Мартин Серафимов и Вања Илиќ. Мартин Томовски запиша девет одбрани во првото, а Никола Даниловски имаше три одбрани во второто полувреме. Кај Војводина по четири гола постигнаа Лука Радовиќ и Божидар Надовеза.

Металург сега е на седмото место во лигата со 16 бодови, двојно повеќе од следниот тим на табелата Нексе Во следното коло во СЕХА лигата, Металург на 13-ти февруари му гостува на ППД Загреб.