Спорт

Ракометна Лига на шампионите Металург ја спаси првата победа сезонава во ЛШ

Металург ја спаси првата победа сезонава во ЛШ

Ракометарите на Металург по двата порази, успеаја во саботата во Скопје да дојдат до првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако славеа против португалски Спортинг со 28:27, во натпреварот од 3.коло во групата Д.

Од почетокот на средбата беше забележлива силната мотивираност кај играчите на Металург во однос на претходните два натпревара, што на крајот им го донесе посакуваниот резултат и првата победа во ЛШ сезонава. Нивниот успех не го намалува ниту фактот што Спортинг настапи без Карлос Руезга кој се повреди непосредно пред натпреварот, а од претходно недостигаат во неговиот тим уште неколку стандардни играчи.

Во изнедначениот почеток на првото полувреме, Металург прв дојде во водство, но во продолжение позитивата се менуваше на едната и на другата страна. Металург одигра многу поагресивно во одбраната, најчесто со Филип Кузмановски напред, што им отвори простор и за брза реализација во нападот и уште во 7минута, „металурзите“ првпат дојдоа на два гола предност со погодокот на Вања Илиќ за 3:1.

Но двете загубени топки го нападот на Металург брзо беа казнети од португалскиот тим со успешна реализација на Иван Никчевиќ од контра за 3:4. Сепак, Металург успеа одново да се врати во позитива. Одговорноста во нападот ја презеде капитенот Филип Кузмановски кој или поентираше или успешно асистираше до Жарко Пешевски. Четирите одбрани на Дарко Арсиќ, внесоа дополнителна сигурност во играта на Металург кој во 19 минута првпат го зголеми водството на плус 3 (11:8). Но, шансата на домаќинот да се одлепи на победзбедна дистанца пропадна откако Лино Червар побара тајм-аут и заигра со седум играчи во напад без голман, но фамозната тактика „7 на 6“ овој пад не го донесе посакуваниот резултат, па Металург наместо да ја заголеми разликата, прими два гола во серрија што одново го врати Спортинг во игра на десетина минути пред крај на првиот дел.

За среќа на Металург, во финишот на полувремето Дарко Арсиќ беше сигурен на голот, запиша десет одбрани во првото полувреме, а добар ритам „металурзи“ фатија и во нападот и на одмор заминаа со нависока преднсот од 17:13.

На стартот од второто полувреме, Спортинг се обиде со подблабока одбрана да го сопре нападот на Металург, но Португалците немаа решение за расположениот Кузмановски кој со проектили од 9-10 метри ја одржуваше предноста на домаќините. Исклучувањето на Дарко Димитриевски во 38 минута му отвори можност на Спортинг да ја намали негативата, но гостинскиот тим не ја искористи предноста со играч повеќе. „Металурзи“ успеаја да се одбранат, па дури и да постигнат гол со играч помалку за 22:18.

На почетокот од последната четвртина, падна малку темпото на Металург, три напади на „сините“ останаа без реализација, а се засили притисокот на португалскиот тим кој постигна два гола во серија и намали на 24:22. Конечно, Вања Илиќ ја прекина лошата серија на „металурзи“, но, возврати и Спортинг на другата страна. Со вкупна серија од 4:1, гостите на девет минути пред крај дојдоа на само еден гол разлика (25:24). Сепак Металург успеа да го издржат притисокот. грешките во нападот беа компензирани со сигурна игра во одбраната

Палевски беше успешен реализатор од седум метри, а Анѓелиќ со погодок од далечина на празниот гол на Спортинг, го врати Металург на безбедна предност. Мерталург на пет минути пред крај имаше водство од 27:24 и напад за плус 4, но, не ја искристи првата шанса да ја зголеми предноста и мирно да влезе во финишот. Наместо да ја осигура победата, Металург прими два гола во серија (27:26). На три минути пред крај гостите останааа со четворица играчи на терен, но Алјоша Чудиќ кој се разбрани во вториот дел го одбрани и овој напад. Спортинг дојде во шанса за изедначување, но поранешниот играч на Металург, Јанко Божовиќ, ја погоди стативата, а на спротивната страна казни Металург со погодокот за 28:26 на неполна минута пред крај. Португалците поентираа во последниот напад за конечните 28:27.

Филип Кузмановски со шест гола беше најефикасен кај Металург, пет гола постигна Давор Палевски, а по четири погодоци запишаа Халил Јагањац и Божо Анѓелиќ. Дарко Арсиќ го заврши натпреварот со 14 одбрани на голот на Металург. Кај Спортинг, нападот го предводеше Карлос Карнеиро со шест гола.

Во следниот натпревар во Д групата, Металург на 8-ми октомври во Украина му гостува на Мотор Запорожје.