Спорт

Металург казнет од СЕХА

Металург казнет од СЕХА

Македонскиот ракометен шампион Металург поради неиграње на натпреварот со Загреб на гостински терен е казнет од СЕХА лигата со службен пораз, одземање еден бод и парично со две илјади евра, пренесува МИА.

Тимот од Автокоманда ќе мора да ги надомести и организациските трошоци на хрватскиот шампион.Натпреварот Загреб – Металург требаше да се одигра на 5 ноември, но поради бојкотирањето на ракометарите средбата не се одржа.

Следниот натпревар од регионалната СЕХА лига „Металурзи“ ќе го играат на 10 декември против Вардар, а пред тоа, на 22 ноември во Скопје ќе имаат дуел од ЛШ со шпанската Ла Риоха.