Металург ќе му се спротистави на Вардар во финалето од ракометниот Куп

Ракометарите на скопски Металург се пласираае во финалето на Купот на Македонија, откако го совлада битолски Еурофарм Работник со 28:21 петокот во вториот полуфинален натпревар на завршниот турнир, кој се одржува во салата „Младост“ во Битола.

Екипата од Скопје уште од почетокот на мечот дојдоа до високо водство, а потоа без проблеми ја одржуваа разликата, па на полувреме заминаа со водство 15:11.

Еурофарм Работник во неколку наврати се обиде да се врати резултатски во игра, успеа на почетокот од второто полувреме да намали и на 14:16, но сепак немаше сили за целосен пресврт.Металург направи серија од пет голови и во 42 минута дојде до 20:14 и од тој момент, гостите од скопска Автокоманда воспоставија контрола врз играта и на крајот победија со 21:28.

Марјан Томовски беше несовладлив на голот и заврши со 20 одбрани. Најефикасен кај Металург беше Кузмановски со пет гола, додека Дрогришки од Работник имаше осум гола.

Металург во финалето од Купот на Македонија ќе се соочи со бранителот на титулата Вардар, кој претходно го совлада Пелистер. Финалето се игра во сабота со почеток од 16:30 часот во салата „Младост“ во Битола.