Металург ќе игра на велика сабота, Вардар на втор ден Велигден

Одредени се термините за  1/4 финалните натпревари  во ракометната  Лига на шампиони Првиот натпревар меѓу Металург и Кил, во Скопје, ќе се одигра на 19 април, еден ден пред Велигден, во 18:30 часот. Официјалната страница на РК Металург информира дека и Кил дал предлот за реванш-средбата, в недела, на 27 април, со почеток во 14:15 часот, но официјална потврда се чека во текот на денот

Македонскиот шампион Вардар првиот четвртфинален натпревар против Фленсбург, ќе го игра на гостински терен, а бундеслигашот денеска го потврди  терминот закажан за 21 април во 19 часот. Тоа е последниот ден од интервалот понуден од ЕХФ, а се паѓа в понеделник, на вториот ден од православниот Велигден. Реваншот е закажан за 26 април, сабота, во 17 часот.