Металург ќе оди на победа против Ла Риоха – главен мотив се навивачите на тимот

Денеска беше одржана редовна прес конференција пред мечот од Лигата на шампионите, во кој Металург ќе се сретне со шпанскиот тим Натурхаус Ла Риоха.

Тренерот Лино Червар уште еднаш нагласи дека без разлика на сите проблеми низ кои клубот поминува, на овој меч ќе му се пристапи максимално посветено и цврсто и дека Металург ќе игра за своите фанови а и за целата нација.

И капитенот Ванчо Димовски го истакна својот оптимизам дека Ла Риоха е противник кој може да се совлада и со ваков десеткуван Металург, а нагласи и дека очекува до крајот на полусезоната Металург на своето конто да има шест бодови.

Шансите за пласман помеѓу 16-те најдобри се практично загубени, но секоја победа во Лигата на шампионите е од огромно значење, па затоа в сабота сите ќе го очекуваат и првиот триумф на тимот од Автокоманда.