Спорт

Металург на мегдан против Железничар

Металург на мегдан против Железничар

За жал, Македонија ќе има само еден преставник во 2. квалификациско коло од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Првата европска пречка ја прескокнаа само фудбалерите на Металург кои и на реванш дуелот во Скопје забележаа сигурен триумф од 2:0 (вкупно 5:0) во дуелот против претставникот на Андора, УЕ Санта Колома.
Во 2. квалификависко коло, избраниците на Срџан Захариевски ќе се обидат да забележат позитивен резултат против босанскиот прволигаш Железничар.

Фудбалерите на Хоризонт од Турново доживеаа уште еден пораз, но сега поубедлив од 3;1 (вкупно 4:1), во реванш дуелот против преставникот на Грузија, тимот на Чикура, а тетовска Шкендија е елиминирана од молдавскиот прволигаш Зимбру кој забележа сигурен триумф од 2:0 (вкупно 3:2) во реванш дуелот.