Спорт

Металург на половина пат до четврт финалето во ЛШ

Металург на половина пат до четврт финалето во ЛШ

Ракометарите на Металург славе на првиот осмина финален натпревар воЛигата на шампионите. Избраниците на тренерот Лино Червар во СЦ Борис Трајковски го совладаа Колдинг со 23:17 (14:9) и со предност од шет голови ќе патуваат на реваншот во Дансак, наредната недела.

Металург уште од стартот на натпреварот покажаа цврста игра и за 20 минути му дозволија на противникот да постигне само три гола (9:3). Со ова му даде до знаење да не се надева на победа во Скопје. Во останатиот дел од натпреварот “металурзите” ја одржуваа позитивата од шест- седум гола, а на моменти имаше и шанса да јазголеми и на осум голови.

„Би сакал да им честитам на навивачите, но чувствувам потреба да кажам благодарам до нашата публика. Мислам дека направивме и рекорд по посетеност, не знам колку луѓе имаше во салата, покажавме дека имаме најдобра публика со многу љубов и почит кон нас. Што се однесувадо мечот, одигравме фантастично во одбраната, па го добивме Колдинг со нивното најсилно оружје. Горд сум бидејќи на сите, вклучувајќи го и сопственикотЈорданов, им приредивме шоу за уживање. И во најтешките моменти, кога се соочивме со криза, покажавме карактер и ја задржавме позитивата. Шест гола е солидна предност, но ќе се излажеме ако помислиме дека сме ја завршиле работата,“ изјави Червар.

Најефикасен на натпреварот беше Ренато Вугринец со 13 голови, додека на голот маестрален беше Дарко Станиќ со 14 одбрани.