Металург нема да му излезе со бело знаме на Кил

Македонскиот ракомтен вице шампион Металург, денескаво 18.30 часот во СЦ „Борис Трајковски” ќе го одигра првиот четврт финален натпревар во Лигата на шампионите, против германскиот гигант Кил. Избраниците на тренрот Лино Червар, ќе се обидат да ја искористат предноста на домашен терени да забележат победа на овој натпревр, со што би си ги зголемиле шансите за настап на фајнл форот во Келн.
„ Станува збор за голем тим кој доаѓа во Скопје и кој ќе ја почувствува неверојатната атмосфера во салата „Борис Трајковски“. Кил, покрај Барселона, е фаворит за титулата воЛига на шампиони. Овој меч ќе биде голем ден за Македонците, а во него ние немаме што да изгубиме. Ние ги надминавме нашите очекувања од оваа сезона, но, во спортот се’ може да се случи. Нема да излеземе со бело знаме, туку напротив ќе се бориме како што тоа го правиме на секој натпревар. Важно е да победиме дома, а потоа ќе имаме време за размислување и за анализирање за возвратниот натпревар“, изјави најдобриот стрелец во ЛШ, Ренато Вугринец.

Денеска се игра и натпреварот меќу екипите на ПСЖ и Веспрем. Утре на програмата е дуелот меѓу Р. Н Ловени Барселона, додека в понеделник силите ќе ги одмерат македонскиот шампион Вардар и Фелнсбург.