Металург одигра без голови против Железничар

Македонскиот фудбалски клуб Металург одигра нерешено без голови 0:0 против босакнскиот Железничар на арената „Филип Втори“, во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Затоа патникот во следното коло ќе го даде реваншот кој е закажн за 22 јули во Сараево.

Железничар имаше привидна инцијатива на почетокот, но „металурзите“ покажаа дека ќе бидат опасни од контри. Радески повлече брза контра, го проигра Миле Крстев во средината, но капитенот можеше многу подобро да реагира во 18.минута. Шутираше високо над голот

Косориќ се закани во 29.минута со удар со глава, по корнерот за Железничар од левата страна, но не беше прецизен.

Во вториот дел, „живнаа“ малку повеќе и двете екипи, сакајќи да постигнат гол. Одлична шанса имаше Марко Симоновски во 62., кога пресече една топка во своето поле, а потоа истрча брз противнапад. Но, беше себичен, го имаше сосема слободен Марјан Радески лево од себе, а тој сакаше сам да ја заврши акцијата и погреши.

Во следната акција токму Радески шутираше од 20.метри, но не беше прецизен.