Металург се збогува со фајнл форот во СЕХА лига

Македонскиот ракометен вицешампион Металург, нема да биде дел од завршниот турнир во Регионалната СЕХА лига. Избраниците на тренерот Лино Червар, на домашен терен во рамките на 17. коло се поразени од Мешков Брест со 25:24. #Металурзите# ја бракаа негативата во текот на целиот натпревар, неколку пати успеаја да го изедначат резултатот, но не и да  победат со што ќе останеа  во конкуренција за пласман на фајнл фор турнирот.

Најефикасен во македонскиот тим беше Вуко Борозан со 6 голови, Циндриќ и Ојлески постигна по 4 голови, а Миркуловски три пати ја затресе противничката мрежа. Во  гостинскиот тим најмногу се истакна Давид Шпилер со пет голови.

По овој пораз на Металург, може да се каже дека Загреб, Татран, Мешков Брест и Вардар ќе бидат дел од завршниот турнир во Нови Сад