Бразил2014,Спорт

Металург сигурен патник во 2. квалификациско коло

Металург сигурен патник во 2. квалификациско коло

Минимален, но максимално незгоден пораз во првиот натпревар од 1. квалификациско коло од Лигата на Европа, доживеаа фудбалерите на Хоризонт од Турново.

Иако имаа предност од играч повеќе во вторите 45 минути, избраниците на Гоце Седлоски одиграа под очекуваното ново на националната арена “Филип Втори” и сосема заслужено се поразени од грузискиот претставник Чикура.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 31 минута беше дело на Лаша Чукидѕе.

За разлика од Хоризонт, фудбалерите на Металург ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето во Андора и сосема заслужено со 3:0 го победија домашниот тим на Санта Колома.

Металург дојде до посакуваната предност со погодок на Миле Крстев, а на 2:0 зголеми Александар Стојановски. Последниот погодок на натпреварот беше дело на Марко Симоновски.