Металург со подмладен состав против Кил

Со утринскиот лет Скопје – Истанбул, македонскиот ракометен шампион Металург замина за Кил. Од Истанбул металурзи одат за Хамбург исто така со авион, а последните 90 километри до Кил момците ќе ги поминат со автобус, пренесува МИА.

Во Германија отпатуваа: Никола Митревски, Петар Мисовски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Борјан Маџовски, Дарко Џукиќ, Никола Костески, Марко Нелоски, Раде Стојановиќ, Милорад Кукоски, Филип Талески, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Марко Бувиниќ и Жарко Пешевски.

Планирани се два тренинга, вечер од 19:30 и утре полесен утрински тренинг.

Натпреварот од 9.коло во А групата од Лигата на шампионите Кил – Металург се игра утре во „Шпаркасе Арена“ со почеток во 19:30 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.